СОВЕТУВАЊЕ на тема „Определување на висина на надомест на штета, обична штета и изгубена добивка при вондоговорна и договрона одговорност за штета“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2020 година за задолжителната континуирана обука за судии и јавни обвинители, организира советување на тема „Определување на висина на надомест на штета, обична штета и изгубена добивка при вондоговорна и договрона одговорност за штета“, кое ќе се одржи на 04 февруари 2020 година (вторник) во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток во 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од апелационо подрачје Скопје.Предавачи на советувањето ќе бидат судија Лидија Димова, претседател на Основниот суд Велес и проф. д-р Јадранка Дабовиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.