СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Определување на висина на надомест на штета, обична штета и изгубена добивка при вондоговорна и договрона одговорност за штета“

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира онлајн советување кое ќе се одржи на 18 декември 2020 година (петок) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судиите од граѓанските оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат проф. д-р Јадранка Дабовиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје и г-а Биљана Јачева, судија во Основен суд Велес.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот тука.

Подетални информации за следење на советувањето, пријавените учесници  ќе добијат известување на емаил адресите со кои што се регистрирани на ЛМС платформата.

Доколку имате проблеми со пристапувањето до платоформата Ве молиме обратете се на следната е-маил адреса: Sadife.Dauti@jpacademy.gov.mk или на 02/2401-571.