СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Криминал од омраза“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, согласно меморандумот за соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ ) преку Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), организираат online советување на тема: „Криминал од омраза“,  што ќе се одржи на 23 ноември  2020  година  (понеделник).

Советувањето е наменето за судии кои работат кривична материја, од сите апелациони подрачја.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Тука.

Конкретни информации, за следење на online советувањето, пријавените учесници  ќе добијат известување на нивните маил адреси.