СОВЕТУВАЊЕ на тема „Измени за Законот за Судски совет на Република Северна Македонија и Законот за судовите“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Измени за Законот за Судски совет на Република Северна Македонија и Законот за судовите“. Советувањето е наменето за судии од сите судови во РСМ и претставници на Судскиot совет на РСМ. Советувањето ќе се одржи на 11 февруари (вторник) 2020 година, во просториите на Академијата.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-ѓа Маргарита Цаца-Николовска, поранешен национален судија/судија, потпретседател на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и г-н Сашко Георгиев, член на Судски совет на Репубилка Северна Македонија.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.