СОВЕТУВАЊЕ на тема „Граѓански спорови кои произлегуваат од договорите за купопродажба со посебен осврт на правните недостатоци-заштита од евикција“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2020 година организира советување на тема „Договор за купопродажба-заштита на купувачот од евикција“. Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја и истото ќе  се одржи на 20 февруари (четврток) 2020 година, во просториите на Академијата.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-ѓа Лидија Димова, претседател на Основен суд Велес и г-ѓа Љубица Колиќ, судија на Основен граѓански суд Скопје.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

Презентација1

Презентација2