СОВЕТУВАЊЕ на тема ,,Фокус група од страна на судството за Коментарот на Законот за спречување и заштита од дискриминација’

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираат советување на тема ,,Фокус група од страна на судството за Коментарот на Законот за спречување и заштита од дискриминација’ кој ќе се одржи на 10 декември 2019 година (вторник) во хотел Мериот во Скопје, со почеток во 11:00 часот.

 

На советувањето свои излагања ќе имаат г-а Лидија Димова, претседател на Основен суд Велес, г-а Бојана Велковска, судија во Основен граѓански суд Скопје и г-а Жанета Попоска, Мисија на ОБСЕ во Скопје.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.