СОВЕТУВАЊЕ на тема „Денационализација“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, во соработка со Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред ЕСЧП организира советување на тема „Денационализација“ што ќе  се одржи на 10 декември 2019 година, во Скопје, во просториите на Академијата, со почеток во 10 часот.

Советувањето е наменето за судиите и советниците/судските соработници на Вишиот управен суд и Управниот суд, претставници на Министерството за финансии и на комисиите што одлучуваат по барањата за денационализација како и претставници на Државното правобранителство на РСМ.

Фокусот на советувањето ќе биде на соодветна примена на регулативата од областа и спроведување на стандардите на ЕСЧП.

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Tука.

Работни Материјали:

1.Презентација 1

2.Презентација 2

Пресуда на ЕСЧП 1, Пресуда на ЕСЧП2, Пресуда на ЕСЧП3, Пресуда на ЕСЧП4.