СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Безбедноста на новинарите и медиумските работници и ограничувањето на слободата на изразување“

Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Здржението на новинари на Македонија (ЗНМ) во рамки на проектот насловен: „Безбедни новинари за кредибилни информации во Македонија“ поддржано од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје и Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, организираат советување на тема: „Безбедноста на новинарите и медиумските работници и ограничувањето на слободата на изразување“ кое ќе се одржи на 20 и 21 ноември 2019 година (среда и четврток) во Хотел „Гарденија“-Велес, со почеток во 12:00 часот.

 

Советувањето е наменето за судиите од Основниот граѓански и кривичен суд Скопје и за јавните обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат г-н Лазар Сандев, адвокат од Скопје, г-а Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права и судија на Уставниот суд во Босна и Херцеговина и д-р. Снежана Трпевска, Институт РЕСИС и Емилија Петреска – Камењарова, Агенција за Аудио и Аудиовизуелни Медиумски Услуги.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Tука.