СОВЕТУВАЊЕ на тема: Алтернативно решавање на спорови, придобивки од алтернативното решавање спорови, можноста за користење на медијацијата во спорните односи

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, Каталогот на обуки за 2020 година за доброволна континуирана обука, на 4 март 2020 година, во просториите на Академијата ќе организира советувањето посветено на тема: Алтернативно решавање на спорови, придобивки од алтернативното решавање спорови, можноста за користење на медијацијата во спорните односи.

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.          

Излагања поврзани со темата на советувањето ќе имаат: г-ѓа Јованка Никодиновска, судија на Апелационен суд Скопје и г-а Роза Алексовска, стручен судски соработник во Апелационен суд Кавадарци.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користата на советувањето можете да ги преземете тука.