Соопштение од 159-та Седница на Управен одбор (Demo)

Почитувани,

Ве известуваме дека Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, со оглед на состојбата со пандемијата на COVID 19 и донесените препораки за превенција, согласно член 17 став 5 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители (Службен весник на РМ бр.20/2015, бр.192/15, бр.231/15 и бр.163/2018) преку видео- конференциска врска, на ден 07.07.2020 година, ја одржа, 159-тата седница, па врз  основа на член 13 став 1 алинеја 21 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители (Службен весник на РМ бр.20/2015, бр.192/15, бр.231/15 и бр.163/2018), ги донесе следните заклучоци:

1. Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, констатира дека Комисијата за приемен испит, законито ја утврдила ранг листата на  7-мата генерација на слушатели на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители обвинители На вака објавената ранг- листа на слушатели, согласно Законот за Академијата за судии и јавни обвинители обвинители (Службен весник на РМ бр.20/2015, бр.192/15, бр.231/15 и бр.163/2018), не е дозволен правен лек.

2. Почетната обука со теоретска настава, за 7-мата генерација на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, ќе започне на 01.09.2020 година, а во зависност од состојбата со пандемијата на COVID 19 на територијата на Република Северна Македонија и препораките за превенција, за начинот на одвивање на наставата, слушателите ќе бидат дополнително известени.