Реализирана онлајн обука на тема: ,, Значајни пресуди на ЕСЧП во предмети против Северна Македонија: фокус на кривична постапка ’’

Денес (01.12.2021 година) Академијата за судии и јавни обвинители и Програмата ОПДАТ при Амбасадата на САД во Скопје реализира обука на тема: ,,Значајни пресуди на ЕСЧП во предмети против Северна Македонија: фокус на кривична постапка ’’ која се одржа онлајн и на истата учествува судии и јавни обвинители, како и слушатели од почетната обука.

Со поздравно обраќање до присутните обуката ја отвори федералниот обвинител Кол Радович, правен советник, Амбасада на САД во Скопје кој ги поздрави учесниците на денешната обука, наведе дека се надева дека ваквиот вид обука ќе биде доста корисна бидејќи праксата на ЕСЧП е корисна во постапувањето особено во кривичните предмети и појасни дека на оваа обука ќе се дискутира за најзначајните предмети против Република Северна Македонија.

Свои излагања на темата имаа: г.Симеон Петровски, виш правен советник, Европски суд за човекови права и Славица Чубриќ, правен советник, Амбасада на САД во Скопје.

 

 

Презентирајќи  значајни пресуди на ЕСЧП во предмети против Северна Македонија со  фокус на кривична постапка, г. Петровски даде примери на предмети во кои е утврдена повредата на член 2,3,5,6 и член 1 од протокол 1 со обврзување на правното резонирање на ЕСЧП при утврдувањето на повредата. Според одредена статистика во однос на европските права постојат околу 300 предмети, од кои ние нашата земја е на 20-то  место.

 

За начинот на извршување на пресудите на ЕСЧП и нивното влијание врз националното право и пракса зборуваше г-ѓа Славица Чубриќ која ги презентираше мерките кои треба да бидат преземени од страна на државите при утврдени повреди на човековите права и примената на домашното законодавство во согласност со праксата на ЕСЧП.

 

 

Учесниците активно учествуваа во дискусијата со која се закоружи оваа обука. Тоа што произлезе како заклучок од обуката е потребата од континуирана анализа на донесните пресуди од страна на ЕСЧП. Исто така беше посочено дека е потребно од  страна на повисоките судови да ги воедначат ставовите во поглед на начинот на кој ќе се постапува во иднина,  а во своите одлуки националните судови да се повикуваат на пресудите и праксата на ЕСЧП,  се со цел да имаме доследна и целосна примена на ЕСЧП.