Академијата за судии и јавни обвинители согласно Каталогот за континуирана обука за 2026година, денес (30 јанаури 2026 година), во просториите на Апелационен суд Скопје, реализираше обука на тема: „Изготвување на завршна сметка и попис“.
Обуката беше наменета за судски службеници од сите судови во Република Северна Македонија кои се директно вклучени во изготвување на завршната сметка и спроведување на попис. Истата беше реализирана од страна на: г-а Бљерта Ганиу, помошник на главниот државен ревизор, Државен завод за ревизија и г-а Данче Ангеловска, раководител на сектор за финансиски прашања, Државен завод за ревизија.

Обуката „Изготвување на завршна сметка и попис“ има за цел да обезбеди практично и теоретско разбирање на постапките за подготовка на завршната сметка и спроведување на пописот на средствата, обврските и побарувањата. Посебен акцент се става на законската рамка, правилната примена на сметководствените принципи, како и на поврзаноста помеѓу пописот и точноста на финансиските извештаи. Обуката придонесува за унапредување на финансиската дисциплина, транспарентноста и отчетноста во работењето на институциите.
Целта на обуката беше да се обезбеди сеопфатно теоретско и практично разбирање на постапките за подготовка на завршната сметка, како и за правилно и ефикасно спроведување на пописот на средствата, обврските и побарувањата. Преку ваквите активности, Академијата придонесува кон унапредување на финансиската дисциплина, транспарентноста и отчетноста во работњето на судските институции.
Големата посетеност на обуката, на која учествуваа повеќе од 40 учесници, јасно ја потврдува изразената заинтересираност за оваа тема. Искуствата од изминатите години покажуваат дека ваквите обуки се меѓу најпосетуваните, што ја нагласува важноста на финансиското работење и управувањето со судовите како неопходен предуслов за нивно ефикасно функционирање.

