СЕРИЈА СОВЕТУВАЊА на тема: „Изготвување на завршна сметка за 2020 година кај единките корисници на судската власт“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира серија онлајн советувања на тема: „Изготвување на завршна сметка за 2020 година кај единките корисници на судската власт“ кои ќе се одржат на:

*4 февруари 2021 година за Апелационо подрачје Гостивар

(АС Гостивар, ОС Гостивар, ОС Тетово, ОС Кичево и ОС Дебар)

*5 февруари 2021 година за Апелационо подрачје Битола

 (АС Битола, ОС Битола, ОС Крушево, ОС Охрид, ОС Прилеп, ОС Ресен и ОС Струга)

*8 февруари 2021 година за Апелационо подрачје Штип

(АС Штип, ОС Штип, ОС Берово, ОС Виница, ОС Делчево, ОС Кочани, ОС Радовиш, ОС Свети Николе и ОС Струмица)

*9 февруари 2021 година за Апелационо подрачје Скопје

(Основен кривичен суд Скопје, Основен граѓански суд Скопје, ОС Велес, ОС Гевгелија, ОС Кавадарци, ОС Кратово, ОС Крива Паланка, ОС Куманово и ОС Неготино)

*10 февруари 2021 година за Судски совет на РСМ, Врховен суд на РСМ, Виш управен суд, Управен суд, Апелационен суд Скопје и Академија за судии и јавни обвинители Павел Шатев.

Советувањата се наменети за судски службеници кои се вклучени во изготвување на завршна сметка за 2020 година.

Предавачи на советувањата ќе бидат имаат г-а Силвија Јаневска од Судски буџетски совет,  г-а Снежана Михајловска од Основен суд Кичево,  г-а Даниела Ѓурчиновска од Основен граѓански суд Скопје, г-н Зоран Јовановски од Виш управен суд и г-а Мери Спасова од Основен суд Струмица.

Програмата согласно кои ќе се одвиваат советувањата можете да ја преземете Тука.

Подетални информации за следење на советувањето, пријавените учесници  ќе добијат известување на емаил адресите со кои што се регистрирани на ЛМС платформата.

Доколку имате проблеми со пристапувањето до платоформата Ве молиме обратете се на следната е-маил адреса: Sadife.Dauti@jpacademy.gov.mk или на 02/2401-571.