СЕМИНАР на тема „Правото на Енергетската Заедница“

Нашата држава е една од деветте земји од Југоисточна Европа кои го ратификуваа Договорот за основање на Енергетската Заедница и се обврзаа да ги имплементираат соодветните правила на ЕУ за енергија, животна средина и конкуренција.

 

Со цел зголемување на свеста и знаењето на судството за Енергетската Заедница и за обврските од Договорот за нашата земја како и за правилата на ЕУ/Енергетската Заедница во областа на енергијата, животната средина и пошироко, Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и Енергетската Заедница организираат семинар на тема „Правото на Енергетската Заедница“, што ќе се одржи на 22 ноември 2019 година (петок) во просториите на Академијата-ламела 1, со почеток во 10,00 часот.

 

Семинарот е наменет за судии од Вишиот управен суд, Управниот суд и од граѓанските оддели на судовите од сите апелациони подрачја.

 

Целта на семинарот е да се промовира владеење на правото и хомогено толкување на правото на Енергетската Заедница во договорните страни.

 

Агендата согласно која ќе се одвива семинарот можете да ја преземете тука:

Програма (анг)

Програма (мкд)

Материјалите кои ќе се користат на семинарот можете да ги преземете тука.