Работна средба на директорот на Академијата проф.д-р Наташа Габер Дамјановска со заменик амбасадорот на Кралството Холандија во Северна Македонија, Н.Е. Роберт Декер (Demo)

Денес (28.07.2021 година) во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот, директорот на Академијата проф.д-р Наташа Габер Дамјановска реализираше работна средба со заменик амбасадорот на Кралството Холандија во Северна Македонија, Н.Е. Роберт Декер.

Имено, Кралството Холандија е голем поддржувач на работата на Академијата и во рамките на оваа соработка во континуитет се реализират низа настани кои се значајни за правните професионалци во нашата земја.

На средбата се разговараше за идни заеднички активности во чии фокус ќе се најдат актуелни теми од областа на правото и усогласувањето на националното законодавство со европската легислатива, со посебен акцент на алтернативното решавање на спорови по пат на медијација, во насока на унапредување на вештините и знаењата на судиите и јавните обвинители, како и на слушателите на почетната обука во Академијата.

Поддршката на меѓународната заедница за доследна примена на европските регулативи од страна на правните практичари во Северна Македонија се покажа како клучна, па оттука, Академијата посветува посебно внимание на градење и одржување на широко воспоставената меѓународна соработка со своите странски партнери и поддржувачи меѓу кои е и Амбасадата на Кралството Холандија во Северна Македонија.