Потпишан тригодишен Меморандум за соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Мисијата на ОБСЕ во Скопје (Demo)

Денес (03.02.2020 година) во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители се одржа работна средба помеѓу директорот на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска и претставниците на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, националниот програмски офицер, г-ѓа Татијана Темелкоска и  националните офицери за владеење на правото, д-р Жанета Поповска, г. Артан Мурати.

На работната средба од страна на директорот беа презентирани резултатите од досегашната соработка која согласно сите индикатори се покажа како многу успешна.

Имено, Мисијата на ОБСЕ во Скопје веќе долги години е еден од најсилните поддржувачи на работата на Академијата во сите сегменти.

На денешната средба беше потпишан и Меморандум за тригодишна соработка помеѓу Академијата и Мисијата на ОБСЕ, во чии рамки ќе бидат опафетни низа активности со кои ќе се унапредат Програмите за почетна и континуирана обука на Академијата, а воедно и ќе се реализираат низа настани кои ќе бидат посветени на актуелни теми од областа на домашното и меѓународното право.