ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема „Судир на интереси и антикорупциски мерки“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира онлајн советување на тема: „Судир на интереси и антикорупциски мерки“, кое ќе се одржи на 25 октомври 2021 година (понеделник) на ZOOM платформата, со почеток од 11:00 часот.

 

Советувањето е наменето за судските и јавнообвинителските службеници од сите апелациони подрачја.

 

Предавач на советувањето ќе биде м-р Владимир Георгиев, член во Државна комисија за спречување на корупцијата.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

За повеќе информации Ве молиме да се обратите на на е-маил адресата на лицето задолжено за организацијата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.