Онлајн советување на тема „Стек на кривични дела (идеален, реален и привиден) и продолжено кривично дело “ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира online советување на тема „Стек на кривични дела (идеален, реален и привиден) и продолжено кривично дело“, кое е предвидено да се одржи на 19 мај  (четврток) 2022 година, преку ЗООМ Платформата. Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето  ќе бидат,  д-р Тодор Витларов, јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип и м-р Бетим Јахја, судија на Основен суд Тетово.

За дополнителни информации во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете на следните линкови:

  1. ППП- Продолжено кривично дело;

       2.ППП – Стек на кривични дела