Онлајн советување на тема „Докази во парничната постапка, со посебен осврт на вештачењето како доказ“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема „Докази во парничната постапка, со посебен осврт на вештачењето како доказ“, кое ќе се одржи на 6 мај  (петок) 2022 година, преку ЗООМ Платформата. Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето  ќе бидат,  м-р Катерина Георгиевска, судија на Апелационен суд Скопје и г-а Кети Германова, судија на Основен граѓански суд Скопје.

 За повеќе информации Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за организација од Академијата на следната е-маил адреса Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

Материјалите за советувањето, можете да ги превземете тука: