Онлајн обука на тема: „Вработување по јавен и интерен оглас“

Академијата за судии и јавни обвинители организира онлајн обука на тема: „Вработување по јавен и интерен оглас“, која ќе се одржи на 24 март 2022 година, преку ЗООМ платформа.

Обуката е наменета за судски администратори, раководни лица и судски службеници кои работат во комисии од сите апелациони подрачја.

Излагања на темата ќе имаат: г-а Сузана Варналиева од Основен суд Велес и г-н Борче Мирчески од Основен суд Охрид.

За дополнителни информации ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на обуката на следната е маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk и тел. 02/2401-572

Програмата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете на следниот линк:

Програма– 24 март 2022 година

Работниот материјал кој ќе се користи на обуката можете да го преземете на следните линкови:

Работен материјал – Борче Мирчески

Работен материјал – Сузана Варналиева