Во рамки на проектот ,, Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата, Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Trsansparency international и УСАИД организираат онлајн обука на тема: ,, Судир на интереси и Закон за заштита на укажувачи ’’.
Онлајн обуката ќе се реализира на 4 јуни 2021 година (петок), на платформата ЗООМ, со почеток во 10:00 часот.
Излагања поврзани со темата на обуката ќе имаат: Проф. д-р. Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата, г-ѓа Софка Пејовска Дојчиновска, член на ДКСК, д-р Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл- Македонија и м-р Ирена Поповска, раководител на сектор, ДКСК.
Програмата согласно која ќе се одвива онлајн обуката можете да ја преземете тука.
За да пристапите на платформата и да ја следите обуката кликнете на следниот линк:
Join Zoom Meeting
https://zoom.us/meeting/register/tJEpfuitpzkjHdfYe_IVo_s5OnYang2HBR8b