Академијата за судии и јавни обвинители во рамки на соработката со Амбасадата на САД во Северна Македонија на онлајн платформата на Академијата го објави курсот со наслов: „Права на жртвите во кривична постапка низ праксата на ЕСЧП“.
Овој онлаjн курс го организира Министерството на правда на САД преку Канцеларијата за развој, помош и обука на обвинители (ОПДАТ)/ Амбасада на САД во Скопје.
Содржината на овој курс се фокусира на:
- Обврските на правосудните органи по член 3,6 и 8 од ЕКЧП;
- Како ЕСЧП цени дали тие обврски се исполнети
- Конкретни предмети од праксата на ЕСЧП
Сите заинтересирани кои сакаат да го поминат овој онлјан курс можат да пристап до него со логирање на следниот линк: https://elearning.jpacademy.gov.mk/course/view.php?id=440