Обука на тема: „Примена на Законот за бесплатна правна помош и Законот за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители организира обука на тема „Примена на Законот за бесплатна правна помош и Законот за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство“ која ќе се одржи на 18 ноември 2021 година, а ќе се реализира online  на зоом Платформата.  Обуката е наменета за судии и стручни соработници од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

На обуката ќе се даде краток преглед на Законот за бесплатната правна помош, предизвици во негова примена и избор на судска пракса од Европскиот суд за човекови права во однос на бесплатната правна помош. Исто така на обуката ќе се обработи и Законот за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство и релевантна судска пракса.

Излагачи на обуката ќе бидат: судија Васка Николовска Масевска, судија на Основен кривичен суд Скопје и м-р Ана Дангова Хуг, адвокат од Адвокатско друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје.

За повеќе информации поврзани со обуката Ве молиме да се обратите на следната е маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk и тел. 02/2401-578.

 

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

 

Работни материјали:

1.Презентација 1

2.CASE OF AERTS v. BELGIUM

3.CASE OF AIREY v. IRELAND

4.CASE OF CROISSANT v. GERMANY

5.CASE OF VASENIN v. RUSSIA

6.FINAL-ODOBRENO-ZA-PECAT-Izvestaj-BPP-besplatna-pravna-pomos-11-1

7.GAP-analiza_A4_WEB-compressed

8.Pravna-pomos-vo-uslovi-na-kovid_03_CIP

9.STUDIJA_Pristap-do-Pravda_A4_HQ

10.Vetacenje-i-bpp_03_CIP,

11.Извештај-за-можностите-и-перспективите-на-про-боно-правната-помош-во-Република-Македонија-1