Обука на тема: Постапки согласно Законот за вонпаричната постапка и спорови од работен однос (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители организра обука на тема: ,,Постапки согласно Законот за вонпаричната постапка и спорови од работен однос”, која ќе се одржи на 16 февруари 2022 година, а ќе се реализира преку ЗООМ платформа.

Обуката е наменета за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

Излагачи на обуката ќе бидат: г-а Лидија Мартинова, судија на Врховен суд на РСМ и г-а  Лилјана Ситникоска, судија на Основен суд Кавадарци.

За повеќе информации поврзани со обуката и начинот на прклучување Ве молиме да се обратите на следната емаил адреса: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел 02/2401-569.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користат на обуката можете да ги преземете тука.