
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2025 година, организира советување на тема „Платни налози, издавање и судска постапка” кое ќе се одржи на 27 мај (вторник) 2025 година со почеток од 10:00 часот, со физичко присуство, во просториите на Основен суд Гостивар.
Советувањето е наменето за судии од граѓански одели од апелационо подрачје Гостивар, нотари, адвокати и извршители
Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Наталија Донева, судија на Апелационен суд Скопје и м-р Марјан Коцевски, нотар.
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.