РАБОТИЛНИЦА на тема: „Алтернативни мерки и пробациски активности: предности, планирање и промовирање“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) и Управата за извршување на санкции, а во рамките на Твининг проектот „Зајакнување на казнено поправниот систем и пробациската служба“ организираaт работилница на тема: „Алтернативни мерки и пробациски активности: предности, планирање и промовирање“ што ќе се одржи на 23 јануари 2020 година во Основен суд Прилеп – (сала за состаноци).

 

Работилницита е наменета за судии и јавни обвинители од Прилеп, Битола, Охрид и Струга.

 

На работилницата свои излагања ќе имаат г-н Штефан Тиер и г-а Тина Јорлеман, експерти за пробација од Германија.

 

Целта на оваа работилница е да се дискутираат алтернативните санкции, за да се покрене свесноста за нив, да се дискутира за нивната примена, да се дискутира за неопходната соработка и да се разјаснат улогите на сите засегнати страни на локално ниво со цел подобро функционирање на системот на пробацијата.

 

Агендата согласно која ќе се одвива работилницата можете да ја преземете линкот.