Прирачник за постапување со виртуелни средства во кривична постапка

Виртуелните валути стануваат нова реалност не само за финансиските системи, за дигиталниот свет и за нивните корисници, туку и за агенциите за спроведување на законите и за судството. И покрај нивното легитимно постоење и цел, виртуелните валути често се мета на криминалците и се јавуваат како предмети употребени за или настанати од извршување на кривично дело или како имотна корист стекната со извршување на кривични дела, што создава потреба за органите на прогонот да развијат подлабоко разбирање за концептот на виртуелните валути, за нивната употреба и, следствено, за нивната злоупотреба за криминални цели.

Прирачникот за постапување со виртуелните валути во кривични постапки е изработен со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во рамките на проектот: „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија“ и во соработка со националната Академија за судии и јавни обвинители. Целта на Прирачникот е двојна: 1) да служи како алатка за националните агенции за спроведување на законите и обвинителството во кривичните постапки кои вклучуваат виртуелни валути и 2) да се користи како алатка за обука за судии и јавни обвинители кои посетуваат обука на Академијата за судии и јавни обвинители.

Прирачникот е издаден на македонски, англиски и албански јазик, и истите во целост можете да ги преземете на следните линкови:

  • Прирачник за постапување со виртуелни валути во кривични постапки – превземи
  • Handbook for dealing with virtual currencies in criminal proceedings – download
  • Doracak per trajtimin e monedhave virtuale ne procedurat penale – shkarko

Leave a comment

You must be logged in to post a comment.