Онлајн завршна конференција на тема „Перспективи и можности за ефективна еколошка правда“ 18 декември 2020 година (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Здружението на граѓани Центар за еколошка демократија ФЛОРОЗОН од Скопје, и Environmental Law and Management Association EMLA  од Унгарија, во рамки на проектот „Еднаков пристап за ефективна правда” организира завршна конференција „Перспективи и можности за ефективна еколошка правда“, која поради актуелната состојба со КОВИД 19 ќе биде одржана на платформата ЗООМ, на 18 декември 2020 година (петок), со почеток во 10:00 часот.
Проектот е финансиран од Европската Унија преку грантовата шема за „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз ефективните реформи во правниот сектор” EuropeAid/159467/ID/ACT/MK и има за цел да придонесе кон креирање на независно, непристрастно, ефикасно, квалитетно и транспарентно судство, одговорно за заштита на индивидуалните права и слободи на граѓаните, притоа овозможувајќи заштита на јавниот интерес.

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука

Линк преку кој може да пристапите на ЗООМ платформата:

https://zoom.us/meeting/register/tJAuf-yurj4jEtxJossVW6iVeKEl0lFwK41Z

 

Важна напомена: Учесниците треба да се приклучат 10 минути пред почетокот на настанот, со цел да се избегнат технички проблеми.