Онлајн советување на тема „Теоретски и нормативни аспекти во врска со правната положба и одговорноста на трговецот – поединец“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема „Теоретски и нормативни аспекти во врска со правната положба и одговорноста на трговецот – поединец“.

Советувањето е наменето за судии од трговски оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја, и истото ќе се одржи на 7 јули (четврток) 2022 година, преку платформата ZOOM.

Предавачи на советувањето ќе бидат проф.д-р Марко Андонов, Правен факултет Американ колеџ Скопје и  г-ѓа Билјана Јачева, судија на Основен суд Велес.

            За повеќе информации Ве молиме да го контактитрате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk.

  • Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
  • Работни Материјали – Презентација 

Leave a comment

You must be logged in to post a comment.