Онлајн советување на тема „Меѓународни стандарди и принципи за примена на ПИМ мерки, мерки за обезбедување на предмети и имот во текот на кривичната постапка“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема „Меѓународни стандарди и принципи за примена на ПИМ мерки, мерки за обезбедување на предмети и имот во текот на кривичната постапка“, кое  се одржиува, онлајн на 12 јули (вторник) 2022 година, преку ЗООМ Платформата.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од кривични оддели  и јавни обвинители и јавнообвинителски службеници од сите апелациони подрачја. Предавачи на советувањето се: м-р Ненад Савески, судија на Основен кривичен суд Скопје и д-р Сашо Стојановски, главен инспектор за потрги –СВР Скопје.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на е-маил адреса gordana.lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука. 

Материјалот за обуката можете да го превземете тука:

  • ПИМ и мерки за обезбедување имот

Leave a comment

You must be logged in to post a comment.