ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Делба на заеднички имот” (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев’’ ја следи ситуацијата во врска со препораките и мерките за заштита, спречување на внесување и ширење на вирусот КОВИД-19 и постојано се грижи да им овозможи на судиите и јавните обвинители да ја исполнат Законската обврска за  потребните денови на обука.

Во таа насока, Ве известуваме дека Академијата организира онлајн советување на тема: Делба на заеднички имот”, кое ќе се одржи на 10 декември 2020 година (четврток) на ЛМС веб платформата на Академијата, со почеток во 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат, г-а Зоре Тренеска, судија ма Апелационен суд Скопје(во пензија) и г-н Тодор Поп Панев, судија на Основен суд Св. Николе.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Детални инструкции за пристап на ЛМС платформата на Академијата преку која може да се следи советувањето, ќе Ви бидат доставени дополнително.

Лице за контакт mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk