Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Совет на Европа организира онлајн настан за HELP курс на тема: ,,Биоетика’’, кој ќе се одржи на 05 октомври 2022 година (среда), со почеток во 10:00 часот, преку е-платформата на Совет на Европа „HELP“.
Курсот е наменет за судии, јавни обвинители и претставници од лекарска комора на Република Северна Македонија.
Тутори на курсот ќе бидат проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и м-р Габриела Гајдова, судија во Основен суд Велес.
За дополнителни информации поврзани со курсот Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на e-mail адресите: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk и Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk, како и на тел. број 02/2401-572 или 02/2401-568.
Агендата согласно која ќе се одвива курсот можете да ја преземете тука.