Во организација на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија, денес (12 февруари 2026 година), се одржа 18-тата сесија на Работната група 3- Правосудството и темелни права (Поглавје 23), посветено на темата „Европски стандарди за дисциплински и изборни механизми во правосудството како клучен елемент на владеењето на правото“, сесијата ќе биде насочена кон дискусија за тековните реформски процеси во правосудството.
На настанот, фокусиран на тековните реформски процеси во правосудството и усогласувањето со европските стандарди, се обратија министерот за правда на Република Северна Македонија, Игор Филков, претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, заменик претседателот на Советот на јавните обвинители, Марјана Илиеска, како и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски.

Во своето обраќање, директорката на Академијата стави акцент на зајакнувањето на професионалните и етичките капацитети на носителите на правосудните функции, при што се осврна и на новиот Прелог-закон за Академијата. „Континуираната едукација ги јакне професионалните капацитети на националните судии и јавни обвинители и ја намалува подложноста на надворешни влијанија. Академијата има исклучително значење во промоцијата на етичките стандарди и обезбедување на објективни критериуми за избор и унапредување на вештините на судиите и јавните обвинители. Иако едукацијата не е единствениот механизам, нејзиниот импакт е силен и неопходен за исполнување на критериумите кои се поставени со Поглавјето 23.“ – истакна директорката на Академијата. Надоврзувајќи се на оваа, таа детално ги образложи клучните новини во законското решение што е во фокус на реформите. „Тоа што е посебно важно и во контекст на тековните реформски процеси во правосудниот сектор е новиот предлог Закон за Академијата за судии и јавни обвинители. Станува збор за законско решение кое е изготвено од страна на работната група при Министерството за правда, а во кое се адресираат препораките на Оценската мисија, анализата на EU Support for Rule of Law спроведена во 2025 година и експертските насоки од работилницата токму за Поглавје 23 со УНОПС. Новиот предлог Закон за Академијата за судии и јавни обвинители предвидува заострување на критериумите, промени во приемниот испит, и воведување на поголема објективност при приемот на нови кандидати на Академијата. Всушност, примениот испит ќе се спроведе на ист начин како за првите три генерации, а ќе се укинат психолошки и тест за интегритет. Нашата цел е јасна: поквалитетна обука, поголема правна сигурност и систем што создава силни и професионални кадри во правосудството.“
Посебен фокус на работната сесија беше ставен на избраните и дисциплинските механизми во правосудството и нивниот институционален капацитет да воспостават одржлив галанас меѓу независноста и отчетноста. Учесниците дискутираа за степенот на усогласеност на националната регулатива со релевантните еворпски стандарди и препораки, при што беа размените ставови меѓу преставници на институциите, правосудството, експертската јавност и граѓанскиот сектор. Преку аргументирана стручна дебата, настанот имаше за цел да поттикне конструктивен дијалог за унапредување на правната рамка и зајакнување на механизмите за нејзина ефективна имплементација.

