УНИЦЕФ

УНИЦЕФ е основан пред повеќе од 70 години за да одговори на критичните потреби на децата чиј живот беше разорен од Втората светска војна. Всушност најпрвата пратка на УНИЦЕФ, во август 1947 година беше за децата во Македонија кога таа беше дел од Југославија.

Во 1993 година, УНИЦЕФ беше една од првите две агенции на ОН која отвори канцеларија во земјата откако таа стана независна држава. На почетокот обезбедувајќи итна помош за децата-бегалци од босанската криза, децениите на соработка при развојот на земјата и во време на криза внесоа позитивна промена за генерации деца.

Сега, заедно со партнерите, УНИЦЕФ продолжува со работа за на секое дете да му даде детство, иднина и фер шанса.

Приоритети на УНИЦЕФ се следните области: здравје и исхрана, детска заштита, образование, социјална заштита, следење на детските права, децата во итни ситуации и адолесцентите и младите.

УНИЦЕФ и Академијата ја започнаа својата соработка уште во првата година од создавањето на Академијата и таа соработка до денес продолжува да се остварува преку реализација на едукативни настани и обезбедување на техничка поддршка на работните процеси на Академијата.

https://www.unicef.org/northmacedonia/mk