Амбасада на Република Турција во Северна Македонија

Амбасадата на Република Турција е уште еден од позначајните странски партнери и поддржувачи на работата на Академијата и на правосудниот систем во Република Северна Македонија.

Амбасадата на Република Турција и Правосудната академија на Турција се традиционални, повеќегодишни партнери на Академијата во чии рамки се реализираат низа активности од заеднички интерес за развојот и унапредувањето не само на вештините и знаењата на правните професионалци туку и за јакнење на институционалните капацитети на Академија.

Соработката помеѓу Академијата на Северна Македонија и Академијата на Република Турција е обмена и вклучува размена на експертски мислења и искуства, организација на студиски посети, обуки, предавања, развој на методологии и материјали кои ќе бидат од корист како за слушателите во почетната обука така и за судиите и јавните обвинители кои веќе ги извршуваат своите функции, со посебен фокус на актуелни теми од правото на ЕУ и човековите права.