Амбасада на Република Франција во Северна Македонија

Амбасадата на Република Франција со своето присуство во Северна Македонија обезбедува помош и поддршка во реформскиот процес на правосудството на нашата земја, се со цел исполнување на критериумите за побрза интеграција на земјата во европското семејство. Во таа насока, Амбасадата на Република Франција секогаш е актуелен поддржувач на работата на Академијата притоа обезбедувајќи помош при реализација на програмите за континурана и почетна едукација, преку спроведување на обуки, студиски посети на Европскиот суд за човекови права, посети на Државната правосудна академија на Република Франција (ЕНМ).

Имено, во рамки на оваа соработка Академијата има успешно воспоставени релации со Државната правосудна Академија на Република Франција – ЕНМ со која во континуитет се реализираат настани од значење за судиите и јавните обвинители во Северна Македонија. Најзначен сегмент од соработката помеѓу двете Академии е размената на слушатели од почетната обука, односно, реализацијата на стаж во Академијата на Северна Македонија од страна на слушателите во почетната обука на ЕНМ.

Истовремено, во соработка со Францускиот институт во Скопје, Академијата овозможува пошироко изучување на францускиот јазик од страна на правните професионалци во Северна Македонија, па во таа насока, за судиите и јавните обвинители, но и за слушателите на програмата за почетна обука обезбедено е изучување на француски јазик на почетно и напредно ниво.