Амбасада на Кралството Холандија во Северна Македонија

Амбасадата на Кралството Холандија дава активен придонес во работата на Академијата и правосудството на Република Северна Македонија со тоа што учествува во реализацијата на важни, заеднички проекти со кои ќе се унапредат знаењата на судиите и јавните обвинители во Република Северна Македонија, посебно кога станува збор за примената на европската легислатива.

Под покровителство на Амбасадата на Кралството Холандија, Академијата воспостави исклучително успешни релации со Центарот за правосудни студии и обука (SSR), со кого се реализираат заеднички активности со кои ќе се унапреди правосудството во Северна Македонија и ќе се подигне свеста за владеење на правото согласно највисоките европски и меѓународни стандарди.

Кралството Холандија и SSR истовремено пружаат поддршка и во развојот на институционалните капацитети на Академијата пришто е опфатен развој на вештините на вработените како и на претставниците на управувачките тела на Академијата.

Во рамките на оваа соработка исто така се обезбедуваат и студиски посети и размена на искуства помеѓу двете Академии, односно, правните професионалци од Северна Македонија имаат можност да ги посетат клучните правосудни институции на Кралството Холандија и обратно.