Совет на Европа

Советот на Европа е водечка организација за човекови права на континентот. Таа има 47 земји – членки од кои 28 се членки на Европската унија. Сите земји-членки на Совет на Европа се потписнички на Европската конвенција за човекови права. Во 1995 година Северна Македонија стана 38-та земја- членка на Совет на Европа.

Во Северна Македонија Совет на Европа делува во областа на превенција од тортура, борба против расизам, заштита на социјални права, заштита на правата на малцинствата, борба против корупцијата, борба против перење пари, демократија низ законите, борба против трговија со луѓе, ефикасноста на правосудниот систем.

Академијата за судии и јавни обвинители како клучна институција за унапредување на ефикасноста и независноста на правосудниот систем има воспоставена успешна континуирана соработка со Совет на Еврпа во чии рамки успешно се завршени голем број на едукативни настани.

https://www.coe.int/mk/web/skopje/the-council-of-europe