Програмска Канцеларија на Совет на Европа

Програмска канцеларија на СоЕ во Скопје е основана во 2012 година. Во моментов канцеларијата спроведува проекти во рамки на заедничката програма за соработка со Европска унија „Horizontal Facility за Западен Балкан и Туриција 2019 – 2022 година“ (Horizontal Facility II), со акцент на областите: правда (реформи на затворскиот систем и полицијата; зајакнување на капацитетите на судството за заштита на човековите права и борба против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста); економски криминал; промоција на спречувањето дискриминација и заштита на правата на ранливите групи (жртви на трговија со луѓе и трудова експлоатација) и слобода на изразување и медумите.

Академијата за судии и јавни обвинители активно е вклучена во реализацијата на проектните активности, посебно во остварувањето на проектните цели предвидени со ЈУФРЕКС 2 проектот кој претставува продолжување на успешната реализација на ЈУФРЕКС 1, а со кој се опфатени прашањата во однос на слободата на изразување и слободата на медумите.

https://www.coe.int/mk/web/skopje