Академијата за судии и јавни обвинители дел од Регионалната мрежа на судии/судијки за родова еднаквост

Центарот за едукација на на судии и јавни обвинители на Босна и Херцеговина и Центарот за едукација на судии и јавни обвинители на Република Српска, на 12 јули 2022 година во хотел „Европа“, Сараево одбележаа 20 години од своето основање. Во рамки на настанот со кој се одбележа 20 годишнината на двата правосудни центри од страна на директорката на АИРЕ Центарот, Билјана Брајтвајт беа презентирани активностите на АИРЕ со фокус на родовата еднаквост. Свечената пригода беше искористена и за потпишување на Меморандум за соработка со регионалните правосудни академии и АИРЕ Центарот, меѓу кои и со Академијата за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија.

Со потпишување на Меморандумот за соработка со AIRE Центарот, Академијата за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија станува дел од иницијативата за воспоставување на Регионална мрежа на судии/судијки посветена на јакнење на родовата еднаквост.

Иницијативата, беше поттикната на почетокот на април оваа година на Правосудниот форум за родова еднаквост што се одржа во Будва, на кој беше истакната потребата за координиран пристап кон едукацијата на носителите на правосудни функции за ова прашање во целиот регион на Западниот Балкан.

Унапредувањето на еднаквоста е важна цел во државите низ Европа. Меѓутоа, неколку општествени фактори во Западниот Балкан значат дека ова прашање е од посебно значење за регионот. Широко распространетото насилство врз жените, постоењето на родови стереотипи, недоволната застапеност на жените во политиката и на работните места со висок статус и влијанието на Ковид-19 врз жените кои веќе се социјално загрозени се само некои од факторите кои значат дека унапредувањето на положбата на жените во регионот е наш императив, рече Билјана Брајтвајт директорка на AIRE центарот за Западниот Балкан.

Директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска изрази поддршка и подготвеност во целосна и успешна реализација на предвидените активности кои се дел од потпишаниот меморандум. Академијата за судии и јавни обвинители ги следи сите актуелни теми од областа на европската легислатива и човековите права и во континуитет прави напори сите отворени прашања во однос на новините да бидат навремено одговорени, а истовремено, преку организација на обуки и друг вид едукативни настани се залага за подигнување на свеста кај граѓаните и правните професионалци во однос на темите кои се актуелни и сензитивни како што е и родовата еднаквост.

На одбележувањето на 20 годишнината на Центрите за правосудна обука на Босна и Херцеговина и Република Српска, покрај првите луѓе на регионалните правосудни академии присуствуваа и г. Жан Филип Ражад, директор на Академијата за Европско право (ERA) и г-ѓа Фредерик Дубост, судија за врски за Западен Балкан.

Leave a comment

You must be logged in to post a comment.