10 март „МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЖЕНИТЕ СУДИИ“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители на сите  извонредни жени кои направија значителен напредок во потрагата по правдата и еднаквоста им го честита Меѓународниот ден на жените судии, Вашата мудрост, посветеност и истрајност несомнено го отворија патот за поправедно и поинклузивно општество.

Со Вашето професионално делување не само што ја заслуживте почитта, туку поставивте и силна основа за идните генерации жени да ги следат Вашите стапки. Вашето присуство во судницата ги отелотворува принципите на еднаквост, правичност и правда.

Одбележувањето на денешниот ден е поттик за сите вас да продолжите со Вашето присуство да им давате моќ на многу повеќе жени да ги урнат бариерите и да го искористат целосно својот потенцијал.

Денес, ги славиме Вашите извонредни достигнувања и Ви посакуваме значаен и моќен меѓународен ден на жените судии.