
Е-курсот за олеснувачи (фасилитатори) на ДЦАФ е изготвен во рамки на програмата за градење на полициски интегритет и е дел од серијата е-курсеви што ДЦАФ ги креираше за јакнење на полицискиот интегритет во партнерските институции за спроведување на законот. Овој курс е наменет за запознавање со теориите, моделите, концептите и стратегиите за учење на возрасни кои се соодветни за планирање, организирање, испорачување и евалуација на обуки на која било тема.
Како дел од програмата за јакнење на капацитетите на вработените на АСЈО пожелно е овој е-курс да го проследите пред почетокот на обуката за Ефективна комуникација и администрирање на обуки или пред започнувањето на менторските сесии.
До курсот можете да пристапите онлајн преку линкот даден подолу, било преку компјутер, лаптоп или мобилен телефон. Исто така, овој курс можете да го најдете и на англиски јазик на веб страната на ДЦАФ (https://www.dcaf.ch/facilitators-course)
Линк до е-курсот за олеснувачи (DCAF Facilitators Course):
https://elearning.easygenerator.com/41d1574a-767a-4d19-a9b8-134fe2608b5d/
При првиот пристап, ве молиме пријавете се/креирајте сметка со вашето име и презиме, вашата е-пошта и лозинка по ваш избор (Пријавете се на страницата | ДЦАФ – Курс за фасцилитатори) за да може да се зачува прогресот на е-курсот и за да можете да продолжите со учењето и друг ден.
По успешно завршување на курсот учесниците ќе добијат сертификат преку копчето „Преземи сертификат“.