
Во период од 21 до 23 и 29 и 31 август 2024 година во Скопје, Северна Македонија, УНДОЦ во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија спроведоа две едукативни работилници во рамки на Проектот „Борба против ситна корупција“, со цел да се создаде и имплементира сеопфатна програма за обука за анти-корупција за судии, јавни обвинители и полициски службеници. Целта на проектот е да се зајакнат вештините на практичарите во Северна Македонија ефикасно да ги идентификуваат, истражуваат, гонат и судат случаите на ситна корупција.
Работилниците беа дизајнирани со цел да обезбедат практична обука, која ќе ги опреми идните судии и јавни обвинители со основните вештини за клучните теми како што се националните анти-корупциски закони, регулативи, најдобрите практики, иновативни техники за детектирање и истражување на ситна корупција, и стратегии за ефективно гонење. Ова практична обука гарантира дека учесниците се добро подготвени да се справат со предизвиците на корупцијата во реалниот свет, влевајќи доверба во нивните способности.
Иницијативата, која е резултат на заедничките напори на Академијата од УНДОЦ Регионалната канцеларија на Југоисточна европа (ROSEE), е на линија со регионалната програма на УНДОЦ за Југоисточна Европа (RPSEE). Со овие работилници, сите 97 слушатели на програмата за почетна обука се обучија за борба против ситна корупција во Северна Македонија. Програмата за обука за ситна корупција беше развиена и одобрена во соработка со Академијата и стана интегрален дел од програмата за почетна обука на идните судии и јавни обвинители.
Финансиски поддржана од Бирото за меѓународни наркотици и извршување на законот на САД, оваа обука означува значителен напредок во подготовката на идните судии и јавни обвинители во Северна Македонија за борба против ситна корупција. Таа, исто така, се усогласува со Целта 16 за одржлив развој, особено Целта 16.5, која има за цел значително да ги намали сите форми на корупција и мито.
По завршувањето на обуката на слушателите им беа доделени сертификати за успешно помината обука.