ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ИНТИМНИ ФОТОГРАФИИ БЕЗ СОГЛАСНОСТ ВО ОРГАНИЗАЦЈА НА АСЈО И ДКАФ

IMG-fa11ea0104b458151f3bec23ec770509-V

Академијата за судии и јавни обвинители и Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДКАФ) на 26 и 27 ноември 2024 година организираа тркалезна маса на тема: Дистрибуција на интимини фотографии без согласност на која присуствува судии и јавни обвинители од земјите од Западен балкан, како и национални правни практичари кои постапувале и постапуваат по предмети од оваа област.

Темата на настанот е внимателно избрана и ги следи актуелните случувања на глобално ниво кога станува збор за дистрибуцијата на интимни фотографии без согласност како кривично дело кое остава далекусежни последици врз жртвите.

Со поздравни обраќања до присутните настанот го отворија Ендрју Бранд, раководите на пограмите при Британската амбасада во Скопје, директорката на Академијата Ирина Трајкоска Стрезоски и Франческа Клопфер, главен програмски менаџер на ДКАФ.

Директорката на Академијата во своето обраќање ја истакна важноста од одржувањето на вакви настани, кои не само што придонесуваат за унапредувањето на знаењата и вештините на судиите и јавните обвинители, туку и позитивно влијаат на подигнување на јавната свест за овој вид на кривични дела, каде се почесто се жртви и децата. Според неа, забрзаниот развој на информатичката технологија и модерниот начин на живеење во голем дел се одговорни за креирањето на личноста на индивидуат, за жал, и на негативен начин. Правните практичари мора да бидат спремни и способни да го следат овој развој, бидејќи интернет просторот нуди можности за извршување на кривични дела без граници. Таа исто така истакна дека неизбежна е едукација на најмладите, децата треба да ги знаат опасностите кои ги демнат во виртуелниот свет.

Европските искуства, глобалните трендови, предизвиците со кои се соочуваат дури и развиените држави кога ќе бидат исправени пред вакви случи ги пренесоа странски експерти: професори, судии и јавни обвинители.

Целта на тркалезната маса беше преку размена на мислења и исксутва да се понудат позитивни решенија и да се исцртаат чекори кои ќе бидат преземени во насока на сузбивање на овој вид криминал.