На 24 февруари претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија, м-р Александар Камбовски и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски, одржаа заедничка средба со Управниот директор на CSSP Кристоф Литман и Регионалниот проектен координатор, Мерјем Нурикиќ Халјета поврзана со новиот регионален проект „SEE Mediation – Зајакнати системи за медијација во Југоисточна Европа“ кој треба да ги зајакне системите за медијација во Северна Македонија, Албанија и Косово, придонесувајќи кон подобрен пристап до правда, зголемена ефикасност на судството и засилена регионална соработка во контекст на интеграцијата во ЕУ .
Проектот е поддржан од Austrian Development Agency (ADA) и се спроведува од страна на CSSP Berlin Center for Integrative Mediation (CSSP), меѓународна невладина организација со седиште во Берлин, Германија, и канцеларии во Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
На средбата се разговараше за можностите за воспоставување и зајакнување на институционалните контакти и во Република Северна Македонија, проценката за состојбата на системот на медијација и придонесот на планираните активности со проектот во насока на унапредување на Поглавјето 23. Воедно, беа разгледани и можностите за спроведување на обуки за медијација од страна на Академијата со кои ќе бидат опфатени националните судии и јавни обвинители.

