
Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 4 од Законот за судовите (,,Службен весник на РСМ’’ број: 58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и 96/2019) организира специјализирана обука за новоизбрани судии поротници од Основен кривичен суд Скопје, Основен суд Кратово, Основен суд Битола, Основен суд Прилеп, Основен суд Куманово Основен суд Ресен и Основен суд Радовиш, која ќе се одржи на 26 и 27 мај 2025 година (понеделник и вторник) во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.
Обуката е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе добијат потврда за завршена обука.
На обуката свои излагања ќе имаат г-а Лидија Таневска Јадровска, самостоен судски советник во Врховен суд на Република Северна Македонија, г-а Љубица Колиќ, судија во Основен граѓански суд Скопје, г-а Лидија Мартинова, судија во пензија во Врховен суд на Република Северна Македонија, и г-а Зуица Наумова, судија во пензија во Апелационен суд Скопје.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на обуката се следните:
- Модул 1 – „Општи познавања од областа на материјално граѓанско право“
- Модул 2 – „Имплементација на Законот за парнична постапкa
- Модул 3 – „Судир на интереси / Антикорупциски мерки / Етика и етички кодекс и Организација и надлежност на судовите“
- Модул 4 – „Општи познавања од областа на материјално казнено право / казнена политика“
- Модул 5 –„Имплементација на Законот за кривична постапка
АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за обука од Академијата на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.