Соопштение за ставање во употреба на електронска база со пресуди од Европскиот суд за човекови права

logo_asjo_news_mk

Почитувани,

Академијата за судии и јавни обвинители со задоволство Ве известува дека повеќегодишниот проект за изработка на електронска база со пресуди од Европскиот суд за човекови права поддржан од Советот на Европа е завршен и ставен во употреба.  Оваа електронска база ќе содржи спектар на правна литература, билтени, резолуции, највпечатливите домашни и меѓународни судски пресуди, особено пресуди кои содржат повреда на членови на Европската конвенција за човекови права, заклучоци, правни мислења за воедначување на судска пракса, документи од интерес за правните професионалци. Интенцијата на Академијата е да создаде единствен електронски систем во Република Северна Македонија кој ќе биде широк во опфат, надградуван на секојдневна основа, едноставен за употреба и лесен за пребарување.

Во таа насока, ги охрабруваме сите судии во државата, кои во своето работење ја применуваат Европската конвенција за човекови права,  констатираат усогласености и повреди на конвенцијата, да доставуваат до Академијата правосилни пресуди во кои е приеменета конвенцијата, со цел внесување на истите во електронската база. Академијата цврсто верува дека едноставното пребарување и лесната достапност на правосилно завршените пресуди каде е применета конвенцијата преку воспоставувањето на квалитетна електронска база ќе ги поттикне судиите во уште поголема примена на Европската конвенција за човекови права.

Доставувањето на правосилните домашни пресуди од сите инстанци, може да се врши на следната електронска адреса: Sonja.mojsovskа@jpacademy.gov.mk .