
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработака со канцеларијата на OSCE во Скопје, согласно Каталогот за Континуирана обука за 2025 година, организира советување на тема:„Сајбер безбедност и дигитална форензика“, кое ќе се одржи на 11 септември (четврток) 2025 година во просториите на Академија за судии и јавни обвнители со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од кривичните оддели на судовите и јавни обвнители и јавнообвнителски службеници од обвнителставата од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Искра Хаџи Василева, јавен обвнител во Основно јавно обвнителство за гонење на организиран криминал и корупција, г-а Маја Јованова, раководител на одделение за информатичка технологија од Управа за финансиско разузнавање во РСМ и г. Борис Мајлат, Виш јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство за високотехнолошки криминал, Србија, предавач експерт ангажиран од Канцеларијата на OSCE.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.
Агендата согласно кое ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.