
Согласно Каталогот на обуки за 2025 година, денес (26 септември 2025 г), Академијата за судии и јавни обвинители реализираше советување на тема: „Форма и содржина на пресуда / обвинителен акт согласно закон и подзаконски акти (техничко уредување на текст и правописно изразување)“.
Советувањето беше наменето за стручни судски и јавнообвинителски службеници од апелационо подрачје Скопје, како целна група која е во најголем дел засегната кога станува збор за формата и содржината на пресудата односно обвинителниот акт. Всушност, формата, текстот и задолжителните елементи кои треба да ги содржи пресудата и се утврдени во судскиот деловник.
На ова советување учесниците имаа можност да ги истакнат своите проблеми со кои се соочуваат во своето работење и да ги споделат своите искуства особено околу слепото куцање. Преку споделување на искуствата и предлозите кои ги дадоа учениците, целта е да се прифатат позитвините практитки во работењето на судските службеници.
Советувањето го спроведоа г-н Саша Ѓорѓевиќ, судија во Основен суд Куманово и г-а Марија Џабирова Велков, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје