СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Форма и содржина на пресуда / обвинителен акт согласно закон и подзаконски акти (техничко уредување на текст и правописно изразување)“

logo_asjo_

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Форма и содржина на пресуда / обвинителен акт согласно закон и подзаконски акти (техничко уредување на текст и правописно изразување)“, кое ќе се одржи на 23 април 2025 година (среда), во просториите на Апелационен суд Битола, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за стручни судски службеници и стручни јавнообвинителски службеници од апелационо подрачје Битола.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес и и г-а Маја Петрова, советник портпарол во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

                За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето Академија задолжено за реализација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.